ДОМАЌИНСТВО СО ДУША

Повеќе од ноќевање

Villa Lila е семејно сместување со едноставна идеја: да ти понуди мирен престој и автентично искуство во Преспа. Не нудиме луксуз во класична смисла — туку она што денес е сè поретко: тишина, природа, домаќинска атмосфера и можност на неколку дена да го забавиш темпото.

Тета Лиле

Твојата домаќинка Љиљана — која гостите од милост ја викаат „тета Лиле“ — по 40 години живот во Белград се врати во своето родно село за да го сподели со гостите она што ја прави Преспа посебна.

Нејзиното утринско кафе, домашната ракија за добредојде и искрените препораки за скриени места се често она што гостите го памтат најдолго.

Кај нас не доаѓаш само на ноќевање — доаѓаш како гостин, а си заминуваш како пријател.

• Бесплатен Wi-Fi

• Приватен паркинг

• Летна тераса со поглед на овоштарникот

• Услуга за перење облека

• Појадок на барање

• Сместувањето е за непушачи

• Домашни миленици не се дозволени

Што те чека

Сместување

Villa Lila нуди четири соби и вкупно десет лежишта, распоредени на два независни ката — идеално за парови, семејства и групи пријатели.

• Приземје — две двокреветни соби, заедничко купатило, целосно опремена кујна и трпезарија. Погодно за до четири гости.

• Кат — две трокреветни соби, заедничко купатило, целосно опремена кујна и трпезарија, со поглед на езерото. Погодно за до шест гости.

Обата ката можат да се изнајмат и како целина — како независен апартман за твојата група. Појадокот е достапен на барање и се донесува од блискиот ресторан.

info@villalilaprespa.com
+389 75 369 605

Почетна страница

Сместување

Активности

Контакт

VILLA LILA